ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места. Своето избирачко право за претседателските избори го искористиле 4,34 проценти од гласачите, а за парламентарните 4,66 проценти.

-Споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9 проценти, рече Александар Даштевски од ДИК.

Денеска најмала излезност има во Боговиње, односно 0,57 отсто за претседателските или 1,47 посто за парламентарните, а според податоците на ДИК најголема излезност за претседателските избори имало во Пробиштип 8,8%, а за парламентарните во Кривогаштани.

Даштевски одрекува дека постои бојкот на одредени места и тврди дека податоците на ДИК се најверодостојни и тие не го покажуваат тоа.

Технички проблеми кои се решаваат имало на избирачки места во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и Гази баба. Во ДИК пристигнале 15 приговори, од кои само три се одбиени.

Претходна вестПријавени нерегуларности за време на предизборниот молк
Следна вестПријавени нерегуларности во предизборниот молк: Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито…