ДИК со нов тендер ја поправа грешката за апаратите за отисок од прст

Државната изборна комисија објави нов тендер за набавка на апарати за отпечаток од прст кои ќе треба да се користат за претстојните локални избор наесен.

Вредноста на набавката изнесува околу 12 милиони евра, а крајниот рок до кога треба да се достават понудите е 1 јули.

Постапката за набавка на апаратите за отпечаток од прст почна во мај, но претходниот тендер беше поништен во петокот, откако од ДИК забележале грешки во спецификацијата. Наместо да се бара фирма што ќе набави апарати за биометриска идентификација на гласачи, се барало електронска идентификација на лица.

Обезбедување апарати за отпечаток од прст за локалните избори беше едно од барањето на ВМРО-ДПМНЕ за кое се договорија Христијан Мицкоски и Зоран Заев на лидерската средба во март.

Претходна вестСамо четири нови пациенти со ковид примени во болниците во Скопје
Следна вестПовеќе скопски општини утре без струја