Димитриеска Кочоска: Поддршката од 250 милиони евра ќе ја добијат фирми кои ќе инвестираат

Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој.

Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.

-Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,… на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

Прво согледување на функционалните анализи од институциите, па одлука за минималната плата

Институциите се задолжени да достават функционална анализа врз основа на која ќе се согледаат состојбите и паралелно ќе се одлучува што ќе се прави со минималната плата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали Владата најде средства за зголемување на минималната плата, министерката истакна дека секако требаше да има корекција на платата на адмнистрација и таа е предвидена во Буџетот.

Димитриеска Кочоска не кажа кога може да се очекува средба со синдикатите кои бараат да бидат повикани во Владата во првите 100 дена.

-Побаравме функционална анализа во делот на јавната администрација, ги задолживме институциите да достават функционална анализа. Прво да видиме што се случува таму и паралелкно ќе се види што ќе се прави со минималната плата. Како и да е, требаше да има корекција на плата на адмнистрацијата и таа е предвидена во Буџетот. Законски имаат право на корекција и таа корекција според законото, ако инлфацијата е над три отсто, разликата меѓу реалната инфлација и тие над три отсто им се додава, чинам беше 0,7 проценти зголемување на платите согласно Законот за јавниот сектор, објасни Димитриеска Кочоска.

Претходна вестВладата именува директори на повеќе институции
Следна вестЗатворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот