Димитриевски победи во Куманово, Таравари со победа во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош

Изборните резултати од првиот круг на претседателските избори покажаа интересни политички раздвижувања во некои општини. Имено, од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници – Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар. За разлика од нив Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.

Во општина Куманово најмногу гласови освои актуелниот градоначалник и претседателски кандидат Максим Димитриевски 14.286 (30,16%). По него, следи Гордана Сиљановска Давкова со 11.982 гласови (25,29%), Бујар Османи со 6.203 (13,09%), Стево Пендаровски со 7.399 (15,62%), Арбен Таравари со 4.325 (9,13%), Билјана Ванковска со 1.814 (3,83%) и Стевчо Јакимовски со 238 (0,5%).

Градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател на Коалицијата Вреди, Арбен Таравари во општина Гостивар освои 9 895 гласа (33,47%), само 75 повеќе од кандидатот на ДУИ Бујар Османи, кој доби 9.820 гласа (33,22%). Во општина Гостивар Гордана Сиљановска Давкова освои 5.580 гласови (18,88%), Стево Пендаровски 2.464 гласа (8,34%), Максим Димитриевски 709 гласови (2,4%), Билјана Ванковска 302 (1,02%) и Стевчо Јакимовски – 70 (0,24%).

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски, пак, освои само 6 проценти или 2.143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаат повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3.089 гласа и Димитриевски со 3.974.

 

Претходна вестМицкоски: Ветував многу работи и сите работи се случија…
Следна вестОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите