Димитријевиќ најдобар кај Милано против европскиот првак

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец кај Олимпија Милано во соочувањето со Панатинаикос во Евролигата.

Актуелниот европски шампион покажа сила, моќ и ги разби популарните „манекени“ со 103:74 на соочувањето во Атина. Домаќините имаа пеколна прва четвртина која ја реализираа со 38:15, период кој им даде дополнителни крилја и во продолжението лесно ја завршија веќе започнатата работа.

Нено беше најсветла точка кај Милано со 15 поени, 1 скок, 3 асистенции и 5 претрпени фаули или индекс на корисност 20.

Играч број еден на мечот пак беше Нан со 39 поени и 7 скока.

Претходна вестГруби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница
Следна вестЦарина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари