Во контролен натпревар кошаркарите на Олимпија Милано претрпеа пораз од Фенербахче со резултат 81:76.
Новото засилување на италијанскиот клуб, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлични перформанси.
Нашиот плејмејкер против турската екипа имаше учинок од 14 поени, пет скокови и три асистенции.
Димитријевиќ беше најефикасен во својот тим, следен од Болмаро кој постигна 13 поен.
На спротивната страна Болдвин реализираше 14, а Вилбекин 10 поени.