Хрватскиот шампион Динамо Загреб пред денешното дерби со Риека (17.30 часот), на социјалните мрежи го поздрави својот капитен, македонскиот репрезнтативец Аријан Адеми, кој ќе го одигра последниот меч за „модрите“. Адеми по 13 години на „Максимир“ потпиша тригодишен договор со кинескиот Пекинг Гуоан.
31-годишниот долгогодишен капитен на Динамо пристигна во клубот од неговиот роден Шибеник во 2010 година, и по двегодишна позајмица во Локомотива, за „модрите“ одигра 358 меча, постигнувајќи 41 гол и 30 асистенции.