И Милена Стефановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести е меѓу заразените медицински лица од корона вирусот. Според сознанијата, таа е на домашно лекување без потешки симптоми на болеста. Се очекува во наредниве денови да се врати на свое работно место. Таа е една од тројцата лекари и медицинска сестра од оваа Клиника за кои медиумите известија дека добиле позитивен тест на Ковид-19.
Пред десетина дека на Клиниката за нефрологија беа заразени близу 30 вработени истовремено.