Директорот на БЈБ Јанев најави: Со дронови ќе се ловат подметнувачите на пожари

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот фејсбук профил најави дека со дронови ќе се ловат лицата кои ги подметнуваат пожарите. Тој вчера со неговиот тим престојуваше на теренот во во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу село Расино, с.Косел и с.Опејнца, каде активно гори борова шума.

Од лице место, за жал, мора да констатирам дека е зафатен поголем дел од борова шума и згрозен сум од апокалиптичните сцени на опожарените места. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија, објави Јанев на својот фејсбук профил.

‘Тој апелира до грађаните да внимваат кога се движат по шумите, а подметнувањето на пожари е еколошки криминал од највисок степен.

-Најавувам ангажирање на сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, заради откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари, проача Јанев.

Претходна вестМилановиќ во присуство на Османи: Косово оставено само на себе, ја загуби поддршката од сојузниците
Следна вестВо Скопје отворен пункт хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите