Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 1,00 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/литар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,424 ден/кг и сега изнесува 41,941 ден/килограм, соопшти Комисијата.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 73,50 (денари/литар) и Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -73,50 (денари/литар).