Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, бидејќи утврдиле дека е спротивно на законите. Управниот суд прво ја уважи жалбата на Академијата, но подоцна донесе пресуда со која се потврдува одлуката на Антикорупционерите и ја отфрлија жалбата на Академијата.
Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова. Таа тврдеше дека се крши изборниот законик и ДКСК два пати носеше одлука дека селекцијата на кандидати мора да запре до завршување на изборниот процес односно избор на претседател, пратеници и Влада.