Во последните 24 часа, четири лица починаа како последица од ковид-19, а од 2.445 теста, регистрирани се 389 новозаразени со корона вирус, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Починатите се на возраст од 65, 73, 83 и 87-годишна возраст од Куманово, Кавадарци, Пробиштип и Виница, од кои тројца починале во болница, а еден дома.
Од новозаразените 389 случаи, најмногу се од Скопје -140 нови случаи.
Исто така, во изминатото деноночие има и дури 998 оздравени пациенти.
Со овие бројки, вкупно ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата има 95.736, додека на починати 2.959.
Бројот на активни случаи е 5.933 на ниво на цела дрѓава, додека во Скопје, бројката падна под 3.000 и изнесува 2.778 моментално заболени со ковид-19.
Претходно, МЗ соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.