Вкупно 9 починати лица и 51 нов случај на заразени се корона вирус е билансот од изминатото деноноќие во земјава.
Најмногу од починатите се од Прилеп (тројца), по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 смртен случај во Куманово и во Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. И сите починале во болнички услови.
Од направени 755 тестирања, регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19 од кои речиси половината (25) се во Скопје.
Регистрирани се 308 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, а на починати е 2.998, додека во моментов има 6.143 активни случаи, од кои 2.785 се во Скопје.