Завршува првото полугодие од учебната година која стартуваше онлајн. Се доцнеше со почетокот заради тоа што т.н. Национална платформа за учење на далечина крахираше на неколку дена пред најавениот почеток. А стартот пак се одложи претходно, односно не беше на први септември, затоа што платформата не беше готова.
И не само тоа, месеците претходно надлежните наместо со смислување солуција за тоа какво решение ќе им понудат на учениците, се занимаваа со избори и никој не ни најавуваше што ќе се прави. И сега, 9 месеци по стартот на епидемијата во Македонија, повторно никој не кажува до каде е националната платформа.
Дали и уште колку учениците ќе учат преку „Мајкрософт“? Дали и оваа опција е бесплатна или не, а ако е веројатно вечно не може да остане така бидејќи во еден момент ќе треба да се наплати. Зошто Националната платформа никој не ја споменува? Каде е координаторката за овој процес Александра Ружин од која се очекува да објасни што се случува? Нејзиното последно појавување е пред стартот на учебната година. И оттогаш не одговараше на новинарски прашања испратени до неа.
Уште една