До кога децата ќе учат преку „Мајкрософт“, каде исчезна националната платформа?

Завршува првото полугодие од учебната година која стартуваше онлајн. Се доцнеше со почетокот заради тоа што т.н. Национална платформа за учење на далечина крахираше на неколку дена пред најавениот почеток. А стартот пак се одложи претходно, односно не беше на први септември, затоа што платформата не беше готова.

И не само тоа, месеците претходно надлежните наместо со смислување солуција за тоа какво решение ќе им понудат на учениците, се занимаваа со избори и никој не ни најавуваше што ќе се прави. И сега, 9 месеци по стартот на епидемијата во Македонија, повторно никој не кажува до каде е националната платформа.

Дали и уште колку учениците ќе учат преку „Мајкрософт“? Дали и оваа опција е бесплатна или не, а ако е веројатно вечно не може да остане така бидејќи во еден момент ќе треба да се наплати. Зошто Националната платформа никој не ја споменува? Каде е координаторката за овој процес Александра Ружин од која се очекува да објасни што се случува? Нејзиното последно појавување е пред стартот на учебната година. И оттогаш не одговараше на новинарски прашања испратени до неа.

Уште една

Претходна вестИзмамници вработени во полиција фатени во Визбегово со обележани пари
Следна вестВторник стартува конкурсот „Роман на годината„ распишан од Фондацијата „Славко Јаневски“