До крајот на месецот ќе биде свикан Советот за безбедност

Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа во интервјуто за емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека до крајот на месецот ќе биде свикан Советот за безбедност.

-Имаме среќа и поволна околност и што сме членки на НАТО и ги добиваме брифинзите од советот за безбедност на ЕУ. Советот за безбедност секако ќе биде свикан во следните 7-10 дена да ги усогласат агендите на првите луѓе во Владата. Покрај војната Израел – Хамас, Косово ќе биде тема, Украина ќе биде тема. Сакаме уште војници да однесеме во Косово, рече Пендаровски.

Претходна вестПочина пациентка затруена на домашниот ручек, истрагата ќе покаже како пестицидот „Метомил“ се нашол во питата со праз
Следна вестМВР држеше предавања против дроги, џебни кражби, употреба на телефони за време на возењето…