Заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, соопштија од Управата за јавни приходи (УЈП).
До сите нив се доставени опомени и денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади.
УЈП спровела присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребиле државната помош, а чии имиња беа објавени. Од направени 1.876 контроли, неправилности имало кај 836.