Претпладне сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 18 до 27 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температура изутрина ќе изнесува 13 а во текот на денот 26 степени.