Добивме амбасада и во Словачка

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата во Словачка, на што присуствуваше и словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок.

Од МНР истакнуваат дека со отворањето на ова наше дипломатско-конзуларно претставништво во Словачка, напорите за обезбедување на поинтензивна комуникација, посебно на планот на економската соработка, културата, образованието, заштитата на интересите на нашите граѓани и мноштво други активности, ќе придонесат за нова димензија на квалитетот на меѓусебните односи.

Словачка, инаку, важи за еден од најголемите поддржувачи на Македонија, и во однос на евроинтеграциите и во однос на наметнатиот спор од Бугарија. Заедно со Чешка, беа првите кои ги блокира предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето во декември лани, кога Бугарија го вметна во текстот „погрешното толкување на историјата“, со образложение дека ЕУ не е тука да утврдува кој е во право, а кој не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот и идентитетот.

Претходна вестСе отвора граничниот премин Ново Село- Златарево кон Бугарија
Следна вестУбава идеја (ФОТО): Во парк во Ново Лисиче жителите на видео-бим го следат ЕУРО2020