Во последните 24 часа, од направени 1.342 тестирања, регистрирани се 3 нови случаи на ковид-19, сите од Скопје.
Позитивната вест е што ниту денеска нема починати како последица на болеста.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225, од кои 89 се во Скопје. Бројот на општини без активен случај денеска е 16.