Добро е што МВР фаќа препродавачи на петарди, ама треба и до магацините да отиде

Новогодишните празници покрај радости за жал носат и опасноста од повреди здобиени со „традиционалната“ употреба на пиротехнички средства. Некако на многумина не им доаѓа умот.

Со цел таа опасност да се намали, МВР вчера во Тетово, Штип, Скопје и Битола реализирала низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства. Во рамки на заедничките активности на МВР и  Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се”, беа посетувани училишта.

-На предавањата посебно беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телото. Покрај ова, учениците поблиску беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства, соопшто МВР.

Со вакви активности се продолжува и денеска соопштува полицијата.

Убава превентивна акција. Треба да се засили, иако може е малку задоцнета оти петардите веќе ечат низ градовите.

Сепак мора да се мисли и што друго треба задолжително да се стори.

Полицијата треба да е на терен и да ги открива препродавачите на недозволените пиротехнички средства. Еве токму вшера откриле во Виница и го лишиле од слобода Ф.А.(19) оти При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидна пиротехника.

Но, такви како приведениот има многу и во други краеви на Македонија. Всушност, треба да се откријат оние кои ги увезуваат недозволените средства. Да се најдат магацините со многу, многу поголеми количини на пиротехника.

Е, тогаш опасноста до недозволените приротехнички средства значајно ќе се намали.

Претходна вестАрсовска го пецна Шилегов: Некој нека се оправда зошто трошел 300.000 евра за нешто што чини 30.000 евра!
Следна вестМакедонската царина заплени речиси 2 илјади брендирани парчиња со потписот на Луи Витон, Диор и Мајкл Корс