Неприфатливо е внесување на билатералните прашања вразни за историјата и образованието во процесот на преговорите со ЕУ, став е на партијаат ДОМ. Во изјавата за порталот МКД.мк лидерката на оваа партија која е дел од владиното мнозинство Маја Морачанин нагласи дека таков впечаток се добива од протоколот кој се уште не го виделе интегрално.
Морачанин која околу полноќ, заедно со лидерите на Демократски сојуз и Либерално – демократската партија имала консултации со премиерот Димитар Ковачевски. Вп веста на порталот МКД.мк се наведува дека на средбата било истакнато дека македонскиот јазик има чиста формулација, односно во ЕУ ќе биде „македонски јазик без никакви дообјаснувања, а Бугарија ќе даде свое мислење, кое само еднаш ќе биде нотирано и нема да има влијание во ЕУ и во преговорите“. Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ ветиле дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на Македонија.
-Договорот мора да оди во Собрание. Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство, вели Морачанин и нагласува дека за ДОМ е неприфатливо внесувањето на билатерални прашања во преговарачкиот процес.
Ставот на ДОМ на средбата со премиерот бил дека ако ваквите теми бидат вклучени во процесот дека е јасно оти преговорите никогаш нема да завршат и дека освен тоа, на историски прашања не им е местото во ЕУ за преговори.
-Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци, вели Морачанин.