Домашен притвор за лице кое преку Фејсбук се заканувало на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.​

Претходна вестСе прави упатство за рибите во Преспанското езеро како да преживеат на суво?
Следна вестСтерјовски не молчи како македонските власти: Во Албанија нема бугарско малцинство