Донесен законот за спорот Влада – Макпетрол, опозицијата бара Пендаровски да не го потпише

Македонскиот парламент го изгласа Законот за решавање на спорот за „ГА-МА”. Имено, пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за”, 30 „против” го донесоа Закон за решавање на долгогодишниот спор помеѓу Владата и „Макпетрол“.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

На овој чин силно се спротивставуваше опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“. По гласањето, опозиционерите укажаа дека со новодонесениот закон се кршат многу уставни одредби и го повикаа претседателот на Македонија да не го потпише указот за прогласување на овој закон.

Беше најавено и дека ќе биде поднесена постапка за оценување на уставноста на овој закон.

 

Претходна вестЗелени скопјани „посвоиле“ дрвца во Бутел, уште не се знае каде ќе ги чуваат
Следна вестЗатворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени