Донесени измените за урбанизам во скратена постапка – партијата „Левица“ гласаше против

На денешната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ гласаа за измените на Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. За жал, кај владејачкото мнозинство немаше слух за барањата на јавноста – овие измени да се носат во редовна постапка и да се отвори широка јавна расправа, соопштија денеска од партијата „Левица“.

-„Левица“ претходно побара да се тргне овој предлог-закон од дневен ред, затоа што сметаме дека за време на летни одмори недозволиво е да се носат законски измени, кои се од суштинско значење за квалитетот на животот на граѓаните. Владејачката коалиција го одби барањето на пратениците од „Левица“, со што покажаа дека поважни им се паушални и брзи решенија, наместо долгорочно решавање на урбанистичкиот хаос, известуваат од оваа партија.

Се додава дека во услови кога дури и поголеми градови функционираат со ГУП-ови стари и над 20 години, новата власт не покажува политичка волја да го постави урбанистичкото планирање на листата на своите приоритети.

-Напротив, со ваквите избрзани решенија ќе продолжи погубната пракса општините да функционираат со застарени ДУП-ови, кои не одговараат на параметрите на современото живеење и го влошуваат квалитетот на животот на граѓаните, се додава во соопштението на партијата „Левица“.

Претходна вестЈаневска: Од 1 септември ќе има учебници или материјали за учење по сите предмети за основците
Следна вестТројца скопјани вчера искасани од кучиња во Аеродром, Драчево и на автопатот „Пријателство“