Досега вакцинирани 110.000 граѓани, со втора доза 23.000

Речиси 110.000 граѓани во Македонија се вакцинирани против коронавирус, а од нив 23.000 примиле две дози, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека сите граѓани што се пријавиле на vakcinacija.mk заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат.

Филипче најави дека денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите, донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај..

Претходна вестРепрезентативниот голман Мартин Томовски во најдобриот тим во Бундес -лигата
Следна вестНападнат полицаец во прифатниот центар за странци во Скопје