Досега за влез, сега за излез: На Табановце се чека еден час

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестПочина актерката Сабина Ајрула Тозија
Следна вестШколо ќе има од 1 септември – а како, зависи од состојбата