Дожду те молиме престани – избори се ближат

 

Македонија е покриена со влажни облаци. Обилно врне веќе неколку дена. Тоа е добро и беше потребно по многу долгиот сушен период и празните акумулации и речни долини. Но, дождот донесе и проблеми оти Македонија одамна е покриена и со институционална неодговорност.

Голем дел од улиците во Скопје станаа реки. Е добро де, некаде се и како мали езерца. Еве на пример главната пешачка зона во центарот на Скопје, улицата „Македонија“ по секој малку подолготраен дожд веќе мора да се изодува со гумени чизми. Добро де, може и без чизми ама со мокри нози ќе си по само неколку минути.

Покривот на Драмскиот театар протече. Со години се кажува дека тој објект е за реновирање ама ете вода си протече над сцената и во близина на струјните кола. И затоа претстава „Мојот маж“ е откажана. А се е тоа затоа што не се најде маж кој освен ветувања и навистина ќе го среди објектот.

Има опасност од поплави – опомена деновиве Центарот за управување со кризи. Некои локални канали, кои поминуваат низ населени места во државата биле во многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи…

Има ли потреба уште да се набројува што се ни направи овој дожд кој само до пред некој силно го посакувавме и очекувавме?

Дождот не послуша и дојде. Но ете сега дојде време да му викнеме силно – дожду престани да врнеш, институциите не се подготвени за тебе!

ПС. Можеме само да претпоставиме колку во институциите силно се молат дождот да си замине оти избори идат, а јасно покажува какви се и колку си ја работат работата за која дебело се платени од народот.

Претходна вестОблачно и студено со повремен дожд
Следна вестКога не може поинаку: Инвертери и велосипеди за почисто Скопје