ДПМНЕ го заглавува издавањето пасоши и им отежнува на граѓаните, вели Каевски

Продолжуваат обвинувањата меѓу двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа кој е виновен за проблемот со издавање лични документи со ,,Северна”.

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски оценува дека наместо решение, ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.

– Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство касни со реализацијата.

Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.

Погрешните одлуки, опструкциите на процесот и несоодветните чекори го блокираа и процесот на издавање пасоши, додаде Каевски.

Претходна вестПавле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи
Следна вестНа навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички им е забрането присуство на куп-полуфиналето во Битола