ДПМНЕ не може една амбасада да убеди, а не преговарачка рамка со ЕУ да промени, велат од СДСМ

За само неколку дена од учеството на ДПМНЕ во техничката Влада на виделина излегоа сите нивни лаги заедно со нивната неспособност, велат од СДСМ.

-ДПМНЕ до пред само неколку дена ги лажеше граѓаните дека ќе го реши проблемот со издавањето за пасоште, дека со закон ќе ја пролонгира нивната важност. Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ, јавно изјави дека не успеал да ја убеди амбасадорката на соседна Грција. ДПМНЕ нема што да прави, не може да го реши проблемот со пасошите. ДПМНЕ не може една амбасадорка да убеди, нешто да смени. Истите оние кои јавно велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог. Ако една амбасадорка не можат да убедат од ДПМНЕ, како ќе убедат 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка? Секако никако. Не само поради тоа што го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ. ДПМНЕ едно зборува пред да влезе во Влада после друго, пишува во партиското соопштение.

Претходна вестПромоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“
Следна вестОдложен судскиот процес против Трамп за обид за изборна измама