Вистинска драма вчера се случувала во атарот на демирхисарското село Доленци кога при обидот да запрат возило биле повредени неколку полицајци. МВР соопшти дека по иницидентот е приведено едно лице – И. Ѓ. (41) од Росоман.
-Околу 8 часот, на патот Битола – Ресен, лицето со возило ‘Пежо’, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник, кој извршувал службени дејства, се наведува во информацијата од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.