Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска попладне во Цриквеница, Хрватска.
Околу 15 часот и 35 минути во полиција било пријавено дека на терасата од хотелот каде седеле гостите влетал автомобил „тојота“ со хрватски регистерски таблички, објавија хрватските медиуми.
Во несреќата се повредени неколку лица, а повредена е и 76-годишната жена која управувала со автомобилот, инаку хрватска државјанка, јавува 24сата.хр.