Министерството за внатрешни работи информираше дека во петокот во 16.25 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле А.П.(41) од Скопје.
„Тој бил приведен затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и претходно оштетил стакло од деловен објект и едно патничко возило“, стои во полицискиот билтен.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.