Дритан Абазовиќ нападнат на концерт од Мерлин

Премиерот на техничката влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ синоќа бил нападнат во дискотеката Топ Хил во Будва, јавуваат медиумите. Очевидци на настанот за „ЦдМ“ изјавија дека виделе дека полицијата го евакуирала Абазовиќ и дека привела неколку лица.

– Изгледаше дека тој е нападнат затоа што човекот го пцуеше до влегувањето во полициска станица. Интервенираа 15-20 полицајци, велат очевидци на настанот.

Полицијата за рзлика од нив тврди дека Абазовиќ, не бил нападнат.

– Беа турнати неколку луѓе, а Абазовиќ во тоа време се движеше кон излезот, неофицијално велат од полицијата за ЦдМ.

Инаку, синоќа во дискотеката Топ Хил во Будва се одржуваше концерт на Дино Мерилин.

Претходна вестИгор Иџе Стефановски со победа во Швајцарија
Следна вестСкопјанец пукал со пиштол на Попова Шапка