Дрон на нигериската армија по грешка падна на фестивал, загинаа 85 луѓе

Најмалку 85 цивили биле убиени на грешка во напад со беспилотно летало на нигериската армија во село во северозападната држава Кадуна, потврдија службите за итни случаи, а пренесува „Гардијан“. Претседателот Бола Ахмед Тинубу денеска нареди истрага откако војската призна дека еден од нејзините беспилотни летала случајно го погодил селото Тудун Бири во неделата додека жителите присуствувале на муслимански фестивал.

Армијата не даде податоци за жртвите, но локалните жители изјавија дека загинале 85 луѓе, од кои многу жени и деца.

-Северозападната зонска канцеларија доби информации од локалните власти дека досега се закопани 85 мртви тела, додека потрагата се уште е во тек, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби. Агенцијата додаде дека уште 66 лица се згрижени во болница, а службениците за итни случаи преговараат со водачите на заедницата за да ги смират тензиите и да стигнат до селото.

Вооружените сили на Нигерија често се потпираат на воздушни напади за борба против таканаречените бандитски милиции во северозападниот и северниот дел од Нигерија.

Претходна вестПо кој пат тргна автопатот Кичево – Охрид, имаше ли ревизија?
Следна вестСообраќајка кај Соборна во Скопје, возило излета од булевар и турна столб