Дрвокрадци претепале шумски полицаец

Кавадарчанец, вработен како шумски полицаец, бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Од СВР Велес рекоа за МИА дека имаат регистрирано случај со повреден кавадарчанец, но повеќе детали најавија дополнително во текот на денот.

– Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, изјави доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци.

Според првичните сознанија, полицаецот не бил на должност и веројатно бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва.

Претходна вестХамас до цивилите по наредбата на Израел за евакуација: Не одете никаде
Следна вестПомалите партии ќе ја напуштат ли владината коалиција ако не се изгласа една изборна единица?