Државјанин на Велика Британија најден паднат со повреди во подземна гаража во Скопје

Државјанин на Велика Британија бил најден паднат и со повреди во подземна гаража во скопски Аеродром.

-На 20.09.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ во подземна гаража бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Следна вестДИЗ: Инспекторите го надгледуваат откупот на пиперка