Државните возила ќе се обележуваат со таблици во посебна боја

На денешната седница на Владата, на предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.

  • Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и
  • Законот за возила

Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување.

Претходна вестМасовна тепачка во Скопје – приведени три лица
Следна вестАХВ изрече мерка за спроведување повторна дезинфекција во мензата во Воената академија