Државen санитарен и здравствен инспекторат спроведе вонреден инспекциски надзор во училишта на територија на Општина Карпош по добиена пријава за појава на заболувања кај ученици предизвикано од „Салмонела“.
-На ден 08.11.2023 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ Ванила фоод„ –ДООЕЛ Скопје од каде се снабдуваат со прехранбени продукти кујните во училиштата на територија на Општина Карпош како и во кујните на училишттата на ООУ „Димо Хаџи Димов „ и ООУ „Владо Тасевски„ а по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје –одделение за епидемиолгија за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во Општина Карпош со дијагноза Salmonellosis, се наведува во денешното соопштение.
Се додава дека согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работни површини а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните.
-Посетените објекти се времено затворени. Во тек на 09.11.2023 продолжува инспекцискиот надзор во училишните кујни на ООУ „Војдан Чернодрински„ и ООУ „Јан Амос Коменски“, информира овој Инспекторат.