Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази почит кон одлуката на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во која го стави на црната листа Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија за Апелационен суд во Северна Македонија.
-Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста, стои во соопштението на партијата.
ДУИ нагласува дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.