ДУИ поднесе 4 интерпелации

ДУИ бара Собранието да ја тестира довербата на Тошковски, неговиот заменик и уште двајца вицепремиери. 4 интерпелации интегративците мислат дека ќе бидат доволно за да се утврди одговорноста за дивеењето на денот на прославата на албанското знаме но и пожарите во Куманово.

Покрај двоецот oд МВР на мета на ДУИ се и вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ

Од Мала Речица бараат и собраниска седница на која Тошковски пред пратениците би реферирал за безбедносната состојба и постапувањето на полицијата

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека интерпелациите се одраз на стравот и паниката кои владеат во ДУИ.

Во СДСМ и натаму стојат на ставот за лидерска средба на сите парламентарни партии, позиција која не поминува во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак во ДУИ кои би седнале на иста маса но не со сите лидери.

Претходна вестAлкалоид до врв го наполни голот на Радовиш
Следна вестОфицијално укинување на воената состојба во Јужна Кореја за неколку часа