ДУИ праша: Дали ќе имаше интерпелација ако Џафери во Брисел зборуваше на англиски јазик?

Ако Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали ќе беше поднесена интерпелација за него, праша шефот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, како одговор на новинарско прашање, дали смета дека собранискиот спикер, негов сопартиец, го прекршил Уставот на Самитот ЕП – Западен Балкан  каде официјално се обрати на албански, а не на македонски јазик.

-Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно – политички поени, рече Адеми, додавајќи дека интерпелацијата поднесена за претседателот на Собранието има дневно политички цели.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот во Брисел официјално се обрати на албански јазик што, според пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев, е спротивно на Уставот на државата.

Претходна вестСудот им го замрзна имотот на Рашковски и на неговите деца
Следна вестЌе се реконструираат 9 игралишта во Центар – 5 целосно и 4 ќе се санираат