ДУИ со критика за Пендаровски: За жалење е

Одлуката на Пендаровски е за жалење, се вели во реакцијата на Демократската партија на Албанците (ДУИ) откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри, што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари.

-Опозицијата две години по ред го блокираше законот за одалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.
Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата.
Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците, се вели во реакцијата на ДУИ.

Претходна вестВремето денес променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени
Следна вестУчениците продолжуваат со наставата во ООУ Тодор Јанев во Чашка, тензиите стивнуваат, вели Здравковски