ДУИ уште му се лути на Пендаровски: Ја фрли во корпата за отпадоци…

Продолжуваат препукувањата меѓу претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и владејачката ДУИ откако Пендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа со кој се предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата. Овој пат, ДУИ излезе со соопштение до јавноста, но воедно и прашања до Пендаровски.

– Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците, велат од ДУИ. Приказната за реакцијата на Европската унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски. Пендаровски го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното обвинителство“, додаваат од ДУИ.

Според нив, Пендаровски знаел дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца.

– Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, особено со благослов на мајките дека „ги спасувате нашите деца“, но и граѓанското општество. Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци и ја одбра страната на обложувалниците и казината, посочуваат од ДУИ.

Како што велат уште пожалосно е образложението дека европското знаме било „злоупотребена“ за усвојување на законот и дека немал забелешки за содржината туку само за процедурата.

„Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца“, завршуваат од ДУИ.

Претходна вестМосква: Само 20% од европските и американските компании официјално го напуштиле рускиот пазар
Следна вестГрчките пратеници денеска ќе гласаат за законот за истополовите бракови