Повторно голем број починати како последица на ковид во Македонија. Според податоците што објави Министерството за здравство, 21 лице починало во изминатите 24 часа, на возраст од 52 – 93 години. Регистрирани се 284 новозаразени, но од 1..258 теста, што е 22,5 отсто.
Осум од нив се од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип, сите во болнички услови.
Од новите регистрирани повеќе од половината се од Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457, од кои 5.646 се во Скопје.