Вчера на територијата на Македонија имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три и изгаснати се 15, соопшти Центарот за управување со кризи.
На територијата на Општина Чашка, на местото викано Котева круша во атарот на селот Оморани префрлен е пожарот од планина Мукос, гори мешана шума. Кај селотои Грешница, Македонски Брод, гори мешана шума кај резервоарите од селскиот водовод.
Под контрола се пожарите на територитте на општините Демир Хисар на Плакенска планина, Кичево (село Цер) и пожарот на Галичица, кој е распростанет и на територијата на Ресен и на Охрид.
Пожарите предизвикале штета од околу 1,5 милијарди денари само на шумскиот фонд.
Летово со пожарите биле зафатени околу 60 илјади хектари шума со различен квалитет, а 1,5 милијарда денари е проценетата штета на шумскиот фонд во јули. Конечната бројка ќе биде многу поголема, ова е податок само за јули и без проценка за целокупните штети од пожарите, велат од Национални шуми.