Два дена Златко Марин молчи за вработувањата во детските градинки во Аеродром

Два дена градоначалникот на Аеродром Златко Марин, молчи за огласите за вработувања во детските градинки објавени на веб страната на општината. Се работи за објавување огласи што и претходно се правело во петок и траат само неколку дена за викенд. Опозициските советници во општината алармираат за т.н. местење на огласите, партиски вработувања и слично, и ниту збор од ова не е деманатирано од страна на градоначалникот.

-Детска градинка “Срничка” во петок, 04.12.2020 година, објавува интерен оглас за избор на шест раководители на објекти. Рокот за аплицирање е дури три дена. Небаре играчки бираат. Партиски пополнувања на места со кои не смее да се импровизира. Овие луѓе треба да се грижат за најмалите, а не да тераат политика, напиша Дејан Митевски претседател на општкинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на фејсбук.

И не само за огласите Митевски изминатите денови реагираше и за наводен спорен договор за поставување бини и изнајмување озвучување во висина од педесет илјади евра кој општината Аеродром го склучила со компанија која, како што вели Митевски, од мај оваа година повеќе не постои.

Претходна вест659 новозаразени лица од вирусот, починале 23 пациенти
Следна вест„Децата од првата клупа“ – претстава за средношколско насилство во недела