Два напади во Градскиот парк во Скопје, од граѓаните се бараат пари

Нови случаи на нападнати лица се случиле завчера во Градскиот парк во Скопје.

Вчера по полноќ, околу 02.00 часот во СВР Скопје, М.Р.(18) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно му побарале да им го даде паричникот.

Околу 02.40 часот, пак, во СВР Скопје, Л.М.(21), М.С.(22) и В.М.(22), сите од Скопје пријавиле дека на 28.09.2024 околу 23.40 часот, во Градскиот парк во Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои претходно се обиделе да им одземат пари, а бил употребен и тврд предмет.

Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Претходна вестБез струја дел од општините Ѓорче Петров и Сопиште
Следна вестВо тек огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда во Велес