Два пожари во Скопје, гори кај железничка и на Качанички пат

На скопското подрачје моментално активни се два пожари од кои едниот е во атарот на скопската општина Кисела Вода, а вториот на Качанички пат кај Визбегово.

На подрачјето на Кисела Вода гореше сува трева во близина на пругата која води од Новата железничка станица кон Велес и до куќите кои се во близина на средното училиште „Димитар Влахов“.

Според информациите кои ги добивме од Центарот за управување со кризи (ЦУК) се работи за запалена сува трева помеѓу праговите на железничката пруга. На терен се противпожарните екипи.

Исто така, БППЗ интервенираат и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички пат кај Визбегово.

Претходна вестСДСМ: Пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари
Следна вестЧетиригодишно дете скршило амфора стара 3.500 години