Два земјотреси ноќеска го потресоа Косово, едниот со јачина од 4 степени според Рихтер

Ноќеска во 01:46 часот по локално време земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Призрен. Интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала.

Малку подоцна, послаб земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, повторно ја потресе областа.

Според информациите од ЕМСЦ, првиот земјотрес бил на 16 километри од Призрен на длабочина од 10 километри, а вториот на 19 километри од Призрен и на длабочина од 11 километри.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје, извести Сеизмолошкиот завод на Србија.

Претходна вестОблачно со сончеви периоди
Следна вестБез струја денеска дел од Ѓорче Петров